Грција минатата година остварила буџетски суфицит во износ поголем од милијарди евра, што го надминува условот за дополнителна помош во врска со отплата на долгот, изјавил премиерот Антонис Самарас.
„Остваривме суфицит во 2013-та година, иако тоа го планиравме за оваа. Суфицитот надмина 1,5 милијарди евра“, рекол Самарас.
Тој вели дека тоа е три пати повеќе од првичните калкулации и дека во последните десетина години ова е прв пат Грција да оствари суфицит.