Зголемувањето на акцизата на горивата е антикризна мерка, а не мерка за да им се направи товар на граѓаните, рече на денешната прес конференција министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Запрашан за став по најавите за протест од страна на транспортерите, Сугарески рече дека горивата се за 20 денари поевтини во споредба со последните месеци од минатата и почетокот на оваа година, додавајќи дека сите чинители во државата мора да покажат солидарност.
„Нема никакво калкулантство, нем политиканство, внесувањето на акцизата е исклучително за помаѓање на граѓаните на нашата држава“, рече Сугарески.