Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, смета дека војната во Сирија е интерен проблем и затоа не треба во истата да се борат странски државјани.
„Наша порака уште од почетокот кога се појави еден таков феномен, ние како Исламска верска заедница сме биле и до ден денешен сме против тоа, заради тоа што таму се прави меѓубратски терор и не знам дали има сега поента да и се помогне на една страна на штета на другата страна“, изјави, за „Радио Слободна Европа“,поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи, коментирајќи го загинувањето на дваесет и две годишниот скопјанец Алим Османи во Сирија.
Феноменот на учество на македонски државајни во војната во Сирија не може да се контролира, смета тој, бидејќи патувањето до земјата е индивидуално, а не преку некоја институција.