Сунак нареди ревизија на законите кои се однесуваат на порнографија

Британскиот премиер Риши Сунак наложи ревизија на сите закони кои ја опфаќаат порнографијата по извештаите дека повеќе од четвртина од децата се сретнале со неа на интернет.

„Владата сака да обезбеди сите закони и регулативи за порнографија да функционираат доследно за сите порнографски содржини“, рече Сунак.

Минатата недела, британската Влада го поддржа амандманот на пратениците со кој се бара построга проверка на возраста за да се спречат лицата под 18 години да гледаат порнографски содржини на веб-страниците за возрасни, но и на социјалните мрежи.

Во исто време, во амандманот се наведува дека лидерите на социјалните мрежи ќе се соочат со затворска казна доколку дозволат содржината за сексуална злоупотреба на деца да остане на нивните платформи.

Истражувањето на комесарката за деца, Рејче де Сузе покажа дека половина од 13-годишниците виделе порнографска содржина на Интернет, а едно од 10 деца виделе експлицитни содржини за возрасни до деветтата година од животот.

Речиси половина, 47 отсто од младите мажи на возраст од 16 до 21 година рекле дека девојките „очекувале“ физичка агресија во кревет.