Сунак патува во Вашингтон за зацврстување на односите со Бајден

Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека сака да изгради „блиски и искрени односи“ со американскиот претседател Џо Бајден во текот на посетата на Вашингтон следната седмица, којашто ќе се случи по сигналите за тензии во билатералните односи.

Сунак би требало да престојува во САД во четврток и во Вашингтон да разговара и со политичари во Конгресот, лидерите на американската деловна заедница, како и со Бајден.

„САД се нашиот најблизок сојузник. Ние едните на другите сме партнери кон кои првите се вртиме, од безбедноста за нашите луѓе до економскиот раст. Затоа е толку важно британскиот премиер да гради блиски и искрени односи со претседателот на САД, секој глобален проблем ние ќе го решаваме заедно“, изјави Сунак во изјавата во пресрет на првата официјална посета на Вашингтон во својство на британски премиер.

Сунак и Бајден би требало да разговараат за подобрување на економските врски и продолжувањето на воената помош на Украина во војната со Русија. Но нема да стане збор за договорот за слободната трговија, изјави претходно неделава портпаролот на Сунак.

Лондон сака да изгради подобри односи со Вашингтон по напнатоста предизвикана со излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Во април функционер на Белата куќа ги негираше тврдењата дека претседателот Бајден е „пробритански расположен“, откако мина само половина ден во Северна Ирска, а потоа отпатува во Ирска каде престојуваше два ипол дена.

Даунинг стрит соопшти во саботата дека средбата на Сунак со Бајден ќе биде четвртата во четири месеци, што претставува „поконтинуиран контакт“ со американскиот претседател од кои и да е друг (британски) премиер изминатите години.