Суспендиран директор на СЗО за Азија обвинет за неетичко и расистичко однесување

Светската здравствена организација (СЗО) на неодредено време го суспендира регионалниот директор за Западен Пацифик, д-р Такеши Касаи, обвинет од десетина вработени во СЗО за расистичко, навредливо и неетичко однесување во време на епидемијата на коронавирусот.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во петокот преку електронска пошта информирал дека Касаи е на одмор, без да даде дополнителни детали за случајот.

Касаи на функцијата ќе го замени Зујана Јакаб која денеска треба да пристигне во Манила, каде што се наоѓа регионалното седиште на СЗО.

Такеши Касаи не одговори на барањата на медиумите за коментар за одлуката на СЗО, но во претходните изјави негираше расистичко или какво било непрофесионално однесување.