Од унгарската Влада објавија дека без никакво појаснување Твитер им го суспендирал официјалниот профил на таа социјална мрежа.
-Се чини дека дојде овој нов доблесен свет, во кој технолошките гиганти ги замолчуваат оние што имаат поинакво мислење. Ги презедовме потребните чекори и очекуваме официјално објаснување од Твитер – напиша портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.
1/2 The official account of the Hungarian Government, @AboutHungary, has been suspended by @Twitter without any warning or explanation. This is extremely interesting in view of the fact that the @EU_Commission will publish its first rule of law report today. It seems that…
— Zoltan Kovacs (@zoltanspox) September 30, 2020
Како прекршување на правилата на Твитер, меѓу другото се наведуваат говор на омраза, поттикнување на насилство, објавување манипулативни вести и слично.