
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го загуби првиот сет на Ролан Гарос после 37 освоени во низа, во четврфиналето од Диего Шварцман. Потоа дождот го прекина мечот, откако младиот Аргентинец славеше во првиот сет со 6:4.
Последен пат Надал загуби сет во Париз во 2015 година.
Второто четврфинале помеѓу Дел Потро и Мартин Чилиќ исто така беше прекинато уште пред завршување на првиот сет.
Двата меча ќе се доиграат утре, ако временските услови дозволат.