
Победникот на балканското музичко шоу Х Фактор Адриа Даниел Кајмакоски попладнево во 14.15 часот пристигнува во Скопје.
На Аеродромот Александар Велики во негова чест е организиран свечен пречек.
Даниел ги повика своите обожаватели на дружење по пристигнувањето на аеродромот во Скопје и сите заинтересирани може да дојдат лично да ја поздрават новата македонска музичка ѕвезда.
Автобусите со фановите на Даниел Кајмакоски веќе тргнаа кон аеродромот.