Познатиот кошаркарски сајт “Eurohoops” направи листа на 10 играчи со највисоки плати во Европа во претстојната сезона. На неа убедливо прв е кошаркарот на „Химки“ Алексеј Швед.
Најдобриот играч на клубот од Подмосковље има годишен приход од 4 милиони долари.
Зад Русинот на листата е уште еден кошаркар кој игра во Русија, но во „ЦСКА“ Москва. Тоа е Французинот Нандо Де Коло, кој заработува 2,78 милиони долари.
Третото место го делат Ник Калатес и Серхио Родригес со по со 2.55 милиони. Грчкиот плејмејкер неодамна потпиша нов договор со „Панатинаикос“ кој му ја донесе оваа заработка, додека Шпанецот за истата плата ја игра втората сезона во „ЦСКА“.
Нешто помалку од нив заработува чешкиот центар во „Фенербахче“, Јан Весели 2.43 милиони долари, а шести е бекот на „Реал“ Мадрид, Шпанецот Серхио Љуљ со 2,2 милиони евра.
На седмото место е Американецот Крис Синглтон кој ќе игра за „Барселона“ за 1,9 милиони, неговиот сонародник Мајк Џејмс има договор со „Армани“ вреден 1,8 милиони долари, додека по 1,7 милиони ќе заработат новиот играч на „Анадолу Ефес“, Шејн Ларкин од САД и Французинот Жофри Ловрејн, кој исто така ќе дебитира за „Фенербахче“ .