Рамковната позиција на Бугарија за РС Македонија е усвоена со консензус од сите политички сили во парламентот.
– Немаме овластување да ја смениме оваа позиција. Она што зависи од привремениот кабинет и министерот за надворешни работи, ќе се стори за да се продолжи дијалогот
– ова го изјави министерот за надворешни работи Светлан Стоев како одговор на прашањето на БГНЕС за тоа дали привремената влада ќе продолжи да се придржува до сегашната позиција на Бугарија за РС Македонија.
– Отсега натаму, сè е во рацете на официјалните лица во Скопје. Тие се многу загрижени за бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена во следните 2-3 месеци за време на оваа привремена влада – додаде Светлан Стоев, кој на церемонија ја прифати функцијата од поранешна министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.
Фото: МНР на Бугарија