Светлина и до 40 дена со помош на компир. Професорот Хаим Рабинович и неговиот тим откриле дека со користење на единици направени од четвртини компир сместена помеѓу бакарна катода и цинкова анода, споени со жица, може да обезбедите светлина во вашата соба со ЛЕД сијалици и до 40 дена.
Имено компирот би можел да пружи електрична енергија за електронските уреди во замена за десетини типични АА батерии.
Ги избравме компирите поради тоа што тие растат речиси секаде, и во областите со тропска и суптропска клима, вели Рабинович.
Компирот помага да се спроведе електрицитетот и делува како мост помеѓу двата метали, овозможувајќи им на електроните слободно да се движат преку жицата и да создаваат електрицитет.
Компирот е избран и поради цврстото скробно ткиво што му овозможува да стои и по неколку месеци без да привлече инсекти.
Погледнете го видеото во продолжение.