Светска банка нема да и’ одобри заем од 50 милиони долари на Црна Гора, кој што претходно бил најавен како директна поддршка на буџетот, бидејќи таа земја оваа година ќе го зголеми јавниот долг поради првиот кредитен заем за изградба на автопати.
Оваа информација ја потврдила шефицата на Канцеларијата на Светска банка за Црна Гора и Босна и Херцеговина, Анабел Абро.
„Светска банка во 2012-та година во Црна Гора започна програма за поддршка на активностите за фискална консолидација и реформи со цел зголемување на конкурентноста. Планираната програма за буџетска поддршка беше 50 милиони долари. Но, моравме да се откажеме од таа програма бидејќи владата одлучи да троши за изградба на приоритетната делница на автопатот кај Бар во износ од 809 милиони евра“, навела Абро.
Светска банка, како што истакна таа, се пренасочила кон инвестиционата програма за зајакнување на јавните институции, како и конкурентност и унапредување на квалитетот на услугите во Црна Гора.