Светската економија би требало да закрепне оваа година, со раст кој што ќе го забележат земјите во развој и веќе високо развиените земји. Овој раст е плод на веќе надминатата криза која што пет години го тресеше скоро целиот свет, се наведува во Извештајот за глобалните економски изгледи на Светска банка.
Зацврстениот раст во земјите во развој беше поттикнат од високо развиените земји и економската експанзија на Кина. Сепак, изгледите за развој остануваат чувствителни на претпоставките од зголемување на глобалните каматни стапки и потенцијалната нестабилност на капиталните текови.
„Економски раст ќе забележат и во високоразвиените и во земјите во развој, но ризиците и понатаму продолжуваат на глобално економско заздравување“, рече претседателот на работната група на Светска банка, Џим Јонг Ким.
Глобалниот раст на БДП е проектиран на 2,4 отсто во 2013-тата година на 3,2 отсто оваа година, потоа следи стабилизирање од околу 3,5 отсто во 2015-тата година.