Ѕирнете ја светската премиера на четвртиот дел од „Матрикс“: Кијану Ривс и останатите ѕвезди доминираа на зелениот тепих.
Во „Кастро театарот“ во саботата на 18 декември, во Сан Франциско се одржа светската премиера на филмот „The Matrix Resurrections“, четвртиот дел од франшизата „Матрикс“. Обожавателите се собраа пред ова кино и ги чекаа ѕвездите на ова филмско остварување.
Актерската екипа пристигна и позираше на црвениот тепих. Очекувано, најголемо внимание привлекоа главните ѕвезди – Кијану Ривс (Томас Андерсон/Нео) и Кери Ен Мос (Тринити).
Ривс се одлучи за костум, додека Мос носеше раскошен црн фустан. На премиерата пристигна и Џејда Пинкет Смит со нејзиниот син Џејден Смит, а актерката носеше црвена креација. Актерот Нил Патрик Харис присуствуваше на овој настан со сопругот Дејвид Буртко.
На зелениот тепих се појави уште една од ѕвездите на „Матрикс“ – убавата Пријанка Чопра.
Сѐ беше во знакот на зелено-црната боја, што е карактеристична за оваа франшиза.
Погледнете како беше во Сан Франциско:
Погледнете го трејлерот:
ФОТО: Инстаграм