Рускиот претседател Владимир Путин е прогласен за светски политичар број еден во 2013 година, според анкетата спроведена во информативните медиуми во светот.
Во рамки на анкетата „Ворлд рејтинг 2013“ анкетираше 175 новинари на новински агенции и други медиуми во светот, а рускиот претседател доби 133 од вкупно 175 гласови.
На врвот на листата исто така се наоѓа папата Франциско и германската канцеларка Ангела Меркел.
Путин на крајот на минатата година се најде на прво место на листата на „Форбс“ на највлијателни луѓе во светот, престигнувајќи го американскиот претседател Барак Обама.
Лондонски „Тајмс“ рускиот претседател го прогласи за меѓународна личност за 2013 година.