Светскиот хит градини на покрив премногу скап за македонски услови (ВИДЕО)

Во недостиг на зелени површини во урбаните средини, со години наназад во светските метрополи покривите на зградите се облагородуваат со прекрасни градини, првенствено од естетски прични, но, и за станарите кои живеат на поткровјето да добијат бенефит, од изолациси аспект.

Кај нас, овој тренд не е многу популарен,  пред се’ поради скапата инвестиција, но и поради климатските услови кои опфаќаат големи температурни амплитуди во текот на годината, што пак негативно се одразува на оддржувањето на рамните покриви, како основа за изградба на овие зелени оази.

„Рамни покриви не проаѓаат кај нас, бидејќи постојат големи температурни разлики во текот на годината, а хидроизолацијата што задолжително се става на такви површини не може да го издржи тоа, односно ќе распука. Се’ што е рамен покрив кај нас не функционира. Градините се супер идеја, но скапи се за одржување и станарите во поголем дел не може да си го дозволат тоа. Потребна е перфектна хидроизолација, одвод на вода, довод… Многу повеќе бенефит има ако на вакви рамни покриви се поставуваат соларни панели“, вели архитектот Драги Мишовски.

Во последниве неколку години во градот е видлива градежна експанзија на приватни инвеститори, но и на државни градби. Покривни градини, пак, не се градат, со исклучок на неколку приватни објекти на Водно,  Бардовци, деловните згради на „Халк банка“ и на „Фероинвест“.

Сопстевникот на „Фероинвест“, Кочо Анѓушев, го потврди главниот аргумент за отсуството на вакви градини на зградите, односно скапата инвестиција што не може секој да си ја дозволи.

„Станува збор за навистина скапа инвестиција, но јас тоа го направив од мерак. Навистина е потребно посебно архитектонтско решение, специјална излација, дренажа, одвод, довод, специјална земја…“, вели Анѓушев.

Градина на покривот на ГТЦ

Според информацијата што ја добивме од директорот на Градскиот трговски центар, Аго Абазовски, постои голема можност новиот лик на објектот да се декорира и со градина на покривот.

„Конечниот проект за реконструкција на ГТЦ треба да биде изработен до септември. Имам во план да побарам целосно покривање на објектот, бидејќи често имаме проблеми со прокиснување, а воедно идејата ми е и да се направи можност за изведба на градина на горната плоча“, вели Абазовски.

Градежните работи околу реконструкцијата на ГТЦ би треба да почнат на пролет, в година, а начинот на финансирање на проектот се’ уште не е дефиниран. Автори на новото решение за ГТЦ се архитектите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов, а предвидено е да се три куполи и десетици антички столбови.

images (1) images (2)  images (4) images preubavi-gradini-na-pokriv-2