Светскиот рекорд на 400 метри во сала поставен од Канаѓанецот Кристофер Моралес-Вилијамс за време на универзитетски натпревар во САД нема да биде признаен поради проблеми со прописите поврзани со стартните блокови.
Моралес, 19-годишен студент на Универзитетот Џорџија во САД, победи во Фајетвил, во Арканзас, во саботата со време од 4,49 секунди, поставувајќи нов светски рекорд, но Асоцијацијата на атлетски тренери на САД денеска посочи дека тоа време не може да биде признато како нов светски рекорд.
Според нивниот извештај, стартните блокови користени за саботната трка не биле во согласност со прописите на Меѓународната атлетска федерација. Според таа регулатива, блоковите мора да бидат поврзани со „старт информативниот систем“ на Меѓународната атлетска федерација кој го следи времето на реакција.
Така, светскиот рекорд останува во сопственост на американскиот спринтер Мајкл Норман, кој оваа делница ја истрча за 44,52 секунди во март 2018 година на универзитетското првенство во Тексас.