Светските и регионални медиуми пишуваат за дебаклот на референдумот

Референдумот за промена на уставното име на Република Македонија и прифаќање на договорот од Преспа не успеа. Според последните информации, на гласање излегле 649.376 гласачи или излезноста е 36,79 проценти. За да биде успешен референдумот, според одредбите, на него требаше да се изјснат 50 плус еден од избирачите во Избирачкиот список, или над 900.000 избирачи од вкупно 1.806.336 со право на глас.

Власта во последен момент, дрско обзнани дека и овојпат нема да го почитува законот, станувајќи свесна за пулсот на народот по референдумското прашање, особено по позитивниот одзив на каммпањата која заговараше бојкот како начин да не се легитимира сета политичката фарса и константно кршење на процедури за да се истурка  договорот со Грција. Без национален консензус и народна поддршка.

Како што и се очекуваше, поразот власта го обзнани како победа. Но, и покрај говорот на  премиерот Зоран Заев за „триумфализам“ и гестикулации во занес на некоја врвна победа, регионалните и светски медиуми испратија сосема друга порака за исходот од референдумот. Тие ја пренесоа веста дека референдумот во Македонија доживеа неуспех.

Хрватскиот „Јутарњи лист“ напиша дека референдумот со кој граѓаните требаше да дадат поддршка на договорот за промена на името доживеа дебакл.

Ова лето на преспанското езеро е потпишан договорот со кој требаше да биде тргната препреката над сите препреки на патот на Македонија кон членството во НАТО (требаше да влезе со Хрватска во 2008 година и ЕУ (има статус на кандидат од 2004-та година). Решението утврдено со договорот не беше посебно иновативно, Република Северна Македонија е предложено уште во 1994 година. Но тогаш десните кругови го минираа договорот, објавувајќи ги пред тоа да го направи претседателот Киро Глигоров, се вели во текстот на Јутарњи.

И ЕУ и НАТО распукаа на македонскиот референдум. Македонците им одржаа леккција на многу поголеми народи од нив… Вака пишува српскиот портал „Факти“.

 

 

Дневне.рс“,  пишува дека успехот на референдумот во Македонија, кој могумина го нарекле историски, по се’ изгледа дека е доведен во прашање.

Противниците на референдумот, оние кои бокотираа славеа победа, бидејќи само 35 отсто од гласачите гласаа, се наведува во текстот на Гардијан.

Гласањето на Македонија за промена на нејзиното име во Северна Македонија се чини дека падна далеку од бараниот одѕив, објави Би-Би-Си.

Црногорски „Вјести“ пишува дека македонскиот народ одржал лекција на сите во Балканот.

 

Македонскиот премиер вети дека ќе продолжи со гласањето во парламентот за промена на името на земјата, и покрај тоа што не успеа да обезбеди 50 отсто одѕив на референдумот кој треба да го направи валиден, пишува „Скај њуз“.

Исходот од референдумот во Македонија е прва тема на насловните страници на грчките весници. Клучните поенти се дека „големото мнозинството од над 90 % се изјаснило ‘за’ Договорот од Преспа“, со нотирање дека „исходот во ПЈРМ, и во Грција произвел и победници и губитници, среќни и разочарани“.