Во текот на изминатата вечер (29/30.10.2022) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 19 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 26 други видови прекршоци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.