Секторот за внатрешни работи Штип попладнево поднесе шест кривични пријави за непочитувањето на мерката за самоизолација.
Портпаролот на СВР – Штип Гордана Панајотова информира дека до Обвинителството се доставени една пријава за случај во Штип, а полициската станица во Свети Николе исто така има доставено една пријава. По две пријави има за граѓани кои пристигнале од странство, а не ја почитувале мерката во општините Кочани и Делчево.
Пријавите се по член 206, односно овие лица треба да очекуваат парична казна, која ќе им ја изрече надлежниот суд.
МИА веќе информираше дека бројот на лица во самоизолација на територија на целиот источен регион е зголемен за сто, со што бројката изнесува 345.
Во Штип под специјален надзор се вкупно 15 лица.