Во изјава за телевизија Сител воп вторникот, поранешниот јавен обвнинител на Република Македонија, а сегашен адвокат на дел од обвинетите во процесите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Љупчо Шврговски рече дека актот за помилување од страна на претседателот Ѓорге Иванов е се уште во правна сила и тоа треба да опстои.
–Целосно сум убеден дека актот за помилување како акт даден во однос на поименично определени лица се уште е во правна сила и треба да опстои. Без оглед на тоа дали лицето сака да ја повлече или одбие или не, лицето нема диспозиција да ја одбие. Тој може да каже сакам да ја повлечам дадената милост но тоа негово дискреционо право нема никаква важност во дадената аболиција односно помилување или амнестија, рече Шврговски.
Во однос на судските процеси Шврговски вели дека ќе поднесат барање до судовите за прекинување на постапката. Доколку се донесат одлуки кои се правосудни тогаш ќе се поднесат жалби до Европскиот суд за човекови права каде ќе се инсистира е сите пресуди кои се донесени спротивно на законот да бидат укинати.