СЗО: 99 проценти од светската популација дише загаден воздух

Според податоците н Светската здравствена организација речиси сите жители на светот дишат воздух кој не ги задоволува основните стандарди за неговиот квалитет и изложени се на претерано висок степен на штетни честички.

Тие предизвикуваат проблеми со дишните патишта и крвотокот, па секоја година резултираат со милиони смртни случаи кои би можеле да се избегнат.

Откако пред шест месеци ги засили мерките за квалитет на воздухот, СЗО објави ажурирани податоци за неговиот квалитет кој се темели на сателитски снимки и информации од се поголем број градови, места и села ширум светот. Се работи за околу 6.000 места и градови од 117 земји.

Проценето е дека 99 проценти од светската популација дише воздух кој ги надминува утврдени граници за квалитет на воздухот, често преполн со честички кои можат да продрат длабоко во белите дробови, да влезат во вените и артериите и да предизвикаат разни болести.

Секоја година над 7 милиони луѓе во светот умираат како последица од загаден воздух, изјавиле од СЗО.

Базите на податоци, кои традиционално ги евидентира двата познати вида честички, ПМ2,5 и ПМ10, за првпат вклучуваат и мерење на азотен диоксид на тлото.

Последната верзија на податоците од 2018 година, вели дека азотен диоксид произведуваат мотори со внатрешно согорување и најчесто се наоѓаат во урбаните средини. Изложеноста на такви честички може да резултира со респираторни болести како астма и со симптоми кои се одразуваат со постојана кашлица и потешкотии при дишење. Неретко поради ваквите симптоми луѓето завршуваат на итна помош или на лекување во болница.

Освен сообраќајот и транспортот, како загадувачи се наведуваат и палењето на отпад, индустријата, земјоделството, но и природни избори како на пример пустинска прашина.