Светската здравствена организација ја одобри вакцината на кинескиот производител „Синофарм“ за итна употреба.
Вакцината e една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство. Таа е исто така и првата вакцина против коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, пренесува „Ројтерс“.