Огромно мнозинство, односно 87 отсто од вакцинациите против коронавирусот во светот се изведени во земјите со високо и средни приходи по глава на жител, а во државите со ниски примање сао 0,2 отсто, објави на петокот на брифингот за новинарите во Женева, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданомм Геврејезус.
„Повеќе од 700 милиони дози од вакцинатата биле употребени во светот, а повеќе од 87 отсто во земјите со висок и средени приходи, додека земјите со ниски примања добеле само 0,2 отсто“, рече Тедрос.
Како што забележа челникот на СЗО, во земјите со високи примања речиси секој четврти жител веќе е вакциниран против коронавирусот. Во земјите со ниски примања процентот изнесува „еден од повеќе од 500“.
Зборувајќи за активностите за меѓународниот механизам за распределба на вакцините Covax, Гебрејезус рече дека „до крајот на март се очекуваше дека ќе бидат дистрабуираат речиси 100 милиони дози од вакцините против коронавирусот, но поради намалувањето на пазарот во однос на залихите, биле во можност да бидат дистрибуирани само 38 милиони дози“. Истакна дека „Covax функционира“ и „претставува силен механизам“. Проблемот е во тоа што овој механизам не ги добива потребните количества вакцини, појасни Гебрејезус.
Од своја страна, шефот на Глобалната алијанса за вакцини и имунизација (GAVI), Сет Баркли, истакан дека целта на Covax е да дистрибуира околу 2,3 милијарди дози од вакцината за коронавирусот ширум светот до крајот на годината. Тој, исто така, изрази надеж дека „портфолиото на механизамот ќе се прошири од сегаштените седум вакцина од коронавирусот на 10 до 15 од различни производители“ и додаде дека алијанската активно соработува со бројни земји и производители со цел да се зголеми производството на вакцините.
Меѓународниот механизам Covax, кој опфаќа повеќе од 190 земји и територии во светот, е покренат од СЗО во партнерство со GAVI и со CEPI. Тог го подржува создавањето на производствените капацитетит и спроведува набавки. Според условите на програмата, земјите со високи примања плаќаат за набавките на вакцини за помалку богатите земји. Според плановите, во рамките на механизамот до крајот на 2021 година, треба да се произведат 2 милијарди дози од вакцините и рамномерно да се дистрибуираат низ целиот свет.