![szo sediste](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/szo-sediste.jpg?resize=660%2C413&ssl=1)
Светската здравствена организација објави рекордно зголемување на бројот на случаи во еден ден.
Истиот ден, 5 514 лица починале од коронавирус, односно вкупно 1,05 милиони луѓе.
Индија, на пример, пријавила најмногу нови случаи, дури 78.524. После тоа, најмногу нови случаи се регистрирани во Бразил, 41 906, а потоа во САД, 38 904.
Пред ова, на 2 октомври биле регистрирани рекорден број нови случаи, во износ од 330.340.
Рекордниот број на жртви датира од 17 април, кога 12.393 лица починале од коронавирус.