Светската здравствена организација (СЗО- WHO) предупреди дека сојот на коронавиусот за кој се верува дека ја разгоре епидемијата на коронавирусната болест Covid-19 во Индија, е откриен во примероците од 17 земји во светот.
Варијантата B.1.617 е откриена во повеќе од 1.200 вирусни секвенци внесенни во базата податоци GISAID „од најмалку 17 земји“. „Повеќето од секвенционирањата пристигнале од Индија, Велика Британија, САД и Сингапур“, објави СЗО./
Неодамна СЗО го евидентираше сојот B.1.617, којашто опфаќа неколку подваријанти со малку поинакви мутации и карактеристики, како „сој од интерес“. Но сѐ уште не го проглеси за „загрижувачки сој“, што би значело дека е поопасен од изворниот сој на коронаворирусот SARS-CoV-2, бидејќи на пример побрзо се шири, посмртоносен еили е отпорен на вакцината.
СЗО, сепак, признава дека прелиминарните резултати покажуваат дека „B.1.617 има побрза стапка на ширење од другите соеви во Индија, што сугерира на потенцијално поголема заразност“.
Се додава и дека другите соеви кои циркулираат во Индија покажуваат знаци на поголема заразност, па оттаму конинацијата би можело да има улога во моменталниот подем на епидемискиот бран во земјата.
„Студиите покажуват дека ширењето на вториот бран во Индија е многу побрзо отколку во текот на првиот бран на епидемијата“, наведуваат од СЗО.
Од организацијата предупредуваат и дека за побрзото ширење во вториот бран можеби улога да има и помалото придржување до епидемиолошките мерки, како и масовните собири изминатиот период во Индија.