
Светот можеби никогаш нема да најде „нула пациентот“ во потрагата по потеклото на ковид-19, изјави денеска Марија Ван Керхове, техничката шефица на Светската здравствена организација за оваа болест.
Тимот на СЗО што го истражува потеклото на ковид-19 треба да одржи виртуелни состаноци со своите кинески домаќини во Вухан, каде прво се појави пандемијата пред повеќе од една година.