![vakcina_070815_tw630](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/vakcina_070815_tw630.jpg?resize=630%2C472&ssl=1)
Светска здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека нема докази дека БЦГ вакцината ги штити луѓето од инфекција со новиот коронавирус.
СЗО наведе и дека во тек се две клинички испитувања за БЦГ вакцината. Во недостиг на докази, СЗО не препорачува БЦГ вакцинација како превенција од ковид-19.
Но, СЗО и понатаму препорачува неонатална БЦГ вакцинација во земјите или опкружувањата со голема инциденција на туберколоза.