СЗО: Останете дома за Божиќ

Светската здравствена организација (СЗО) ги повика луѓето да останат во своите домови за Божик.

Директорот на регионалната канцеларија на СЗО за Европа, Ханс Клуге ги повика луѓето да останат во своите домови за божикните празници, бидејќи, како што рече, „не вреди да се ризикува да се фати или шири коронавирусот“.

Според него, постои разлика помеѓу она што властите одлучиле да го сторат и она што треба да се стори.

Тој нагласи дека треба да се жртвуваат уште неколку месеци во овие невидени времиња за заштита на оние кои имаат потреба.

Клуге истакна дека пандемијата има особено сериозно влијание врз менталното здравје на луѓето како резултат на изолацијата, последиците од невработеноста, финансиските грижи и социјалното исклучување, што доведува до криза со менталното здравје во Европа.