СЗО подготвува план за вакцинација, три групи се приоритетни

Светската здравствена организација веќе изрази надеж дека ќе биде можно да се произведат стотици милиони дози вакцина против коронавирус оваа година и соодветно подготвува план за вакцинација.

СЗО најави дека има приоритетни групи кои ќе ја примат вакцината откако ќе бидe одобренa. Предност им се дава на вработените, пред сè, медицинските лица, ранливите групи, вклучувајќи лица над 65-годишна возраст и лица со хронични заболувања, како и на оние кои работат во средина со висок степен за пренесување на вируси, пренесува Ројтерс.

Главниот научник на СЗО, Сумја Сваминанат изјави дека тие се надеваат на најдоброто.

„Добро е што имаме многу вакцини и платформи, па дури и ако првата не работи или втората не работи, не треба да губиме надеж, не треба да се откажуваме“, рече Сваминанат, додавајќи дека во моментов се тестираат околу 10 потенцијални вакцини кај луѓето, во надеж дека вакцина за спречување на инфекцијата ќе стане достапна во следните месеци.

Земјите веќе започнаа да се договараат со фармацевтските компании да нарачуваат дози, дури и пред да се покаже дека вакцините работат.

Сваминанат додаде дека податоците собрани досега од генетските анализи покажале дека новиот коронавирус сè уште не мутирал на било кој начин со кој може да се промени тежината на болеста што ја предизвикува.