СЗО потсетува дека сезонскиот грип предизвикува 60.000 смртни случаи годишно во Европа

ANSA/OURAD BALTI TOUATI

Сезонскиот грип во Европа е причина за 60.000 смртни случаи годишно и европските граѓани не треба да се противат на вакцинирањето против оваа болест, истакнa во средата во Рим шефот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) за Европа.

„Да не заборавиме дека секоја година во Европа има околу 60.000 починат од сезонски грип проотив кој треба да се вакцинира. Затоа би ги повикал луѓето да се вакцинираат… Имаме моќно средство: користете го за да го заштитите своето здравје“, изјави директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, на прес-конференција во Рим критикувајќи го „движењето против вакцинирањето“ кое се јави во Европа.

Давајќи ја изјавата пред зградата на италијанското министерство за здравство по средбата посветена на епидемијата од новиот сој коронавирус Covid-19, Клуге истакна дека сите жртви евидентирани од вирусот во Италија се „повозрасни од 65 години, со слаб имунитет“, коишто исто така се „чувствителни на созонскиот грип“.

Во Италија починаа 12 лица заразени со коронавирусот, а уште 374 луѓе се инфицирани, објави во средата тамошната служба за цивилна заштита.