СЗО: Слободното циркулирање на коронавирусот не е опција

Светската здравствена организација (СЗО – WHO) оцени во понеделникот дека се незамисливи дозволувањата за слободно циркулирање на коронавирусот за да се постигне колективниот имунитет.

„Никогаш во историјата на јавното здравство иминитетот на стадото не се користел како стратегија за одговор на епидемија, а уште помалку на пандемија. Тоа е научно и етички проблематично“, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус на прес-конференцијата во Женева.

„Слободно да се пушти опасен вирус, кој не го разбираме потполно, е спротивно на етиката. Тоа не е опција“, инсистира Тедрос.

Во пандемијата од новиот коронавирус SARS-CoV-2 кој го предизвикува воспалителното респираторно заболување означено како Covid-19 кое предизвикува дополнителни компликации, досега починаа повеќе од милиони луѓе во светот, откако кон крајот на ланскиот декември бирото на СЗО во Кина предупреди на појавата на епидемијата.

„Големо мнозинство луѓе во повеќето земји се чувствителни на заразата со овој вирус. Серолошките истражувања упатуваат на тоа дека во повеќето земји заразените се помалку од 10 отсто од населението“, појасни челникот на СЗО.

Тедрос, исто така, додаде дека не се знае доволно за имунитетот на оние кои биле изложени на заразата со коронавирусот, и истакна дека има случаи на реинфекција.

„Повеќето заразени со вирусот развиваат имунитет во текот на првите седмици, но не знаеме дали станува збор за траен и силен имунитет, ниту дали тој е различен од човек до човек“, додаде Тедрос.

Исткана дека концептот на „имунитетот на стадото“ е користен во кампањите за вакцинирање и потсети дека за малите сипаници потребно е да бидат вакцинирани 95 отсто од населенеито за другите 5 проценти да бидат заштитени, додека за детската парализа таа стапка изнесува 80 отсто.