Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денес изјави дека светот е во многу опасен период од пандемијата ковид-19, напоменувајќи дека позаразна варијанта на делта сојот е идентификувана во речиси 100 земји.
На прес-конференција, Тедрос рече дека варијантата делта, која за прв пат се најде во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен вирус ковид-19 во многу земји, објави АП.
– Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат до следната година ова време 70 отсто од светската популација да биде вакцинирана – рече Тедрос, додавајќи дека ова ефективно ќе стави крај на акутната фаза на пандемијата.
Тедрос посочи дека веќе се распределени три милијарди дози од вакцината и дека е во колективна моќ на неколку земји да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.
СЗО инаку проценува дека за имунизација на светот се потребни 11 милијарди дози.