Тајфунот Факсаи зајакна и го погоди Токио

Извонредно силниот тајфин Факсаи ја погоди во неделата околината на јапонската престолнина Токио, каде што властите го предупредија населението да се подготви за неввообичаен силен ветер и врнежи.

Тајфунот кој го следат налети на ветер со брзина до 216 километри на час би требало да го погоди градот Токио во текот на ноќта кон понеделникот, па властите издадоа упатства за незадолжителна евакуација за повече од 110.000 луѓе. Железничкиот, поморскиот и воздушниот сообраќај во престолнината во неделата е нарушен и се верува дека така ќе биде и во понеделник.

„Бидете подготвени на опасност поради урадите на ветрот и високите бранови. Бидете претпазливи на можни одрони, поплави и пораст на водостоите на реките“, соопошти во неделата јапонската метеоролошка агенција. Ветровите и дождовите би можеле да достигнат „рекордни“ нивоа, рекол Наоџи Накамура, шеф на агенцијата.

Железничката компанија „Central Japan Railway Company“ извести дека укинува стотина супербрзи возови меѓу Токио и градовите во централниот и западниот дел од Јапонија. Не сообраќаат ниту траектите во Токискиот залив. Воздухопловните компании откажаа 171 лет, а затворени се и автопатите во крајбрежјето западно од Токио, во Канагава.

Големите трговски центри и забавните паркови, вклучително и „Tokyo Disneyland“ мораа да затворат пред завршувањето на работното време, објави јавната телевозија NHK.

Во Јапонија се вообичаени тајфуните и тропските бури пред крајот на летото и во рана есен. Кон средината на август моќниот тропски циклон Кроса го зафати западниот дел од земјата проследен со силен ветер и врнежи во кои едно лице го загуби животот. Конкрајот на август во големите поплави три лица загинаа во југозападниот дел од земјата.