Тајфунот Линглинг усмрти три лица и предизвика штети во Јужна Кореја

Тајфунот Линглинг усмртил три лица и предизвикал прекини во снабдувањето со струја и оштетил објекти, а поради него во саботата летовите во Јужна Кореја мораа да бидат одложени.

Според последните податоци, без струја останале околу 161.000 домаќинства.

Влијанието на тајфунот се чувствува во целата Јужна Кореја, а најмногу во запдните делови од земјата, но како што бурата се движи кон северот се стравува дека ќе предизвика големи штети и во изолираната и сиромашна Северна Кореја.

Една жена загинала зафатена со силниот ветер во Борјеонг, југозападно од престолнината Сеул, јавува новинската агенција Yonhap. Маж загинач кога врз него се урнал ѕид во крајбрежниот крај Инчеон, а друг маж загинал под делови од урнат покрив.

Десетици други луѓе се повредени. Во Сеул налетите на ветрот уривале стебла и ги подигнувале во водрух, па властите ги повикаа жителите да не ги напуштаат затворените простори. Поради бурата биле откажани околу 300 летови.

Линглинг по тринаесеттиот по ред тајфун кој го погоди Корејскиот полуостров оваа година. Засега нема никакви извештаи за штети во соседна Северна Кореја.