Хотел во тајландската престолнина во понеделникот поставил рекорд верификуван од Гинисовата книга на рекордите за најголем Негрони коктел во светот, кој изнесувал повеќе од 630 литри од ова горчлив италијански пијалак.
Бармените во хотелот „Kimpton Maa-Lai“ во Бангкок во замрзнат резервоар од акрил висок 1,7 метри вмешале десетици шишиња од клучните пијалаци: џин, вермут и кампари.
Претходниот рекорд изнесувал 504 литри, според Казујоши Киримура, верификатор на Гинисовата книга на рекордите, и додава дека хотелот морал да ја стави во шишиња и да ја дистрибуира целата мешавина за неколку месеци.