Тајна мониторинг група на НАТО, во која се вклучени и припадници на романска приватна воена компанија, почнала да дејствува во укранскиот црноморски град Одеса, пренесува во вторникот агенцијата РИА повикувајќи се на неименуван извор од руските безбедносни структури.
Соговорникот на агенцијата, кој барал анонимност, прецизирал дека информацијата е добиена од припадници на украинските вооружени сили во регионот.
„Во едно од предградијата на Одеса е воспоставена тајна база на мониторинг група на НАТО со опрема којашто овозможува да се одредат точните координати на кое и да е пловило во Црното Море во радиус до 200 километри. Главните специјалисти се припадници на романската приватна воена компанија ‘Nordstarsupport Group’“, рекол соговорникот на агенцијата.
Според него, задачата на оваа група е да спречи десант на руските единици и да ја даде локацијата на руските бродови за наведување на украинските ракети од типот „Нептун“.
Минатата седмица руското министерство за одбрана соопшти дека со високопрецизни ракети „Бастион“ бил уништен собирен и центар за подготовка на странските платении.
Претходно во понеденикот првиот заменик на постојаниот претставник на Руската Федерација во светската организација, Дмитриј Полјански, во Советот за безбедност при ОН презентирајќи податоци за кои Москва тврди дека украинските сили со странски инструктори и западни медиуми подготвуваат низа провокации за кои треба да биде обвинета Русија, меѓу другото, рече во Одеса од известувања добиени од локални жители во градот се забелеажани бројни украински војници преоблечени во руски униформи.
„Се чини дека во овој град се подготвува голема и крвата провокација, или операција под ‘лажно знаме’. Колеги, не кажувајте подоцна дека не ве предупредивме за ова“, додаде Полјански.
Претходно кон крајот на март Москва објави за сознанија според кои борците на баталјоните составени од припадници на крајно десните движења вклучени во украинската војска, по наредба на гувернерот ја минирале браната Хаџибеј крај најголемиот црноморски пристанишен град Одеса, за подоцна да ја кренат во воздух, што би предизвикало поплавување на густонаселени места во областа.
Во Одеса, град со над милион жители основан на крајот од XVIII век, живее значителна руско и рускојазнично заедница, а од ноември 2013 до мај 2014 година градот беше сцена на постојани протести и контрапротести меѓу приврзаниците и противниците на ткн киевски Евромајдан, кој заврши со палење на Домот на синдикатите од страна на крајно десните украински групи и загинување на 50 проруски активисти на 2-ри мај 2014 година за што досега никој не одговарал . Потоа градот целосно е ставен под воена контрола на украинските сили а во мандатот на претседадателот Петро Порошенко за гувернер на Одескиот регион беше поставен поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.