Тајван ја предупреди Кина на „високата цена“ на инвазијата

Тајван решително ќе го брани и освојувачите ќе платат висока цена, изјави во вторникот претседателката Цаи Инг-вен на годишнината од судирот пред шест децении.

Тензиите меѓу Тајван и Кина пораснаа во текот на неодамнешната посета на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајпеј што Кина го оцени како нарушување на нејзиниот суверенитетот и територијален интегритет. Кина спроведе големи воени маневри околу Тајван демонстрирајќи го својот гнев од постапките на САД.

Обраќајќи им се на офицерите, претседателката Цаи го спомена судирот од пред повеќе од шест децении. Го пофали „одбранбениот дух“ во текот на повеќе од еден месец гранатирањето на островите Кинмен и Матсу кои се под контрола на Тајван близу кинескиот брег, кое започнало кон крајот на 1958 година.

„Таа битка го одбрани Тајван и му порача на светот дека никаква закана не може да ја потресе решителноста на тајванскиот народ да ја одбрани својата земја. На непријателот мораме да му дадеме до знаење дека Тајван има решителност и подготвеност за одбрана на земјата, како и способноста да се одбрани“, рече Цаи.

На средбата претходно во текот на денот со делегацијата на поранешните американските функционери, меѓу кои и Мет Потингер, поранешен заменик на советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Цаи рече дека битката од 1958 година му го отворила пат на денешен Тајван.

„Пред шеесет и четири години во текот на битката на 23-ти август, нашите војници и цивили дејствуваа солидарно и го заштитија Тајван, така што денеска ги имаме демократски Тајван“, рече претседателката користејќи го тајванскиот израз за тој судар, кога Кина не успеала да ги заземе островите.

Тајван тогаш се борел со поддршка на САД, кои испратиле воена опрема вклучително напредни противвоздушни проектили „Sidewinder“, давајќи му на Тајван тогаш технолошка предност. Често нарекувана „втора криза во Тајванскиот теснец“, тоа е последен пат тајванските сили да влезат во битка со Кина од поголеми размери.

Меѓу американските гости денеска на Тајван беше и Џејмс Елис, пензиониран адмирал на американската морнарица, кој изјави дека присутноста на американската делегација повторно го потврдува доследноста на американскиот народ на продлабочување на соработката.

„Во согласност со Законот за односите со Тајван, дел од соработката вклучува јакнење на способноста на Тајван за самоодбрана, како и способноста на САД да го одвратат и да дадат отпор на секое прибегнување на сила преку Тајванскиот теснец“, рече Елис пред тајванската престолнина, алудирајќи на американскиот закон со кој САД се обврзани на Тајван да му обезбедуваат воени и финансиски средства за самоодбрана.

САД, кои формалните дипломатски односи со Тајпеј ги прекинаа во 1979 година за да постигнат договор со Кина и се придржуваат до концептот „една Кина“ а посетата на Пелоси е првата оттогаш која ја наруши таквата политика на Вашингтон, и натаму останува најголем извор за оружје на Тајван.

„Бидејќи Тајван стои на првата линија на авторитарниот експанзионизам, ние продолжуваме да ја јакнеме нашата одбранбена автономија, а исто така ќе продолжиме да работиме со САД на овој фронт“, рече Цаи.

Кинеските воени вежби во близина на Тајван „претставуваат закана за статус-квото во теснецот и целиот регион, а демократските партнери би требало да соработуваат во одбрана од мешањето на авторитарните држави“, додаде Цаи.