Тајванското министерство за одбрана соопшти во четвртокот дека вооружените сили на островот се ставени во состојба на борбена готовноста и дека ги следат сите шест области во коишто кинеската армија ги изведува во блиските води и подалеку од брегот.
„Тајван е подготвен за судир но не го бара, меѓутоа ќе го брани националниот и територијалниот интегритет“, соопштија од Тајпеј.
Министерството за одбрана соопшти дека кинеската армија намерно ги одбрала маневарските области во поглед на локациите и размерите за да го наруши „статус-квото“ на Тајван и да го „поткопа регионалниот мир“.
Забелешките се однесуваат на фактот дека шесте области делумно задираат во ткн тајвански територијални води бидејќи земјата не е меѓународно призната туку тоа се однесува во прв ред на одредби од договорите меѓу Кина и САД, а што досега не се случувало.
Кинеските маневри започнаа во вторникот вечерта по локално време, но во четвртокот од пладнето се засилени до потполни размери. Министерството за одбрана потврди дека Кинеската народноослободителна војска во четвртокот рано попладнето истрелало „неколку наведувани проектили од класата Tongfeng“ во водите североисточно и југозападно од Тајван.
Портпаролот на министерството за одбрана во Тајпеј кусо одговорил дека тајванските вооружени сили го следеле гаѓањето во реално време откако го детектирале во 13,56 часот по локално време, или 7,56 часот по македонско време и дека биле активирани одбранбените системи. Министерството ја осудило „оваа ирационална акција која го поткопува регионалниот мир“.
Потврдата на тајванското министерство за одбрана е првата индиции дека Кина ја остварува најавата дека во текот на воените маневри кои ќе траат до пладне в неделата ќе се изведуваат гаѓања на цели со боева муниција и од море и од воздух но и лансирање балистички ненуклеарен проектил, што Пекинг ги опиша како „вежби на заеднички обуки“ во шесте области кои го опкружуваат Тајван.