Тајванската телевизија во средата се извини и го повика населението да не паничат откако по грешка известиле за кинески напад врз главниот град Тајпеј во екот на растечките тензии на Кина со САД и Тајван.
Во текот на емисијата во средата утрото телевизиската мрежа Chinese Television System (CTS) по грашка на дното од екраното прикажаа информации за кинески ракетен напад врз воени бродови и клучната инфраструктура во близина на главниот град Тајпеј.
Вестите вклучивале пораки како „би можело да избувне војна“, а зборувале за подметнат пожар од „кинески агенти“ на главната железничка станица во престолнината Тајпеј и за прогласување на вонредна состојба.
„Граѓани, ве молиме не кревајте паника. На овој начин ги појаснуваме информациите и се извинуваме“, објави водителката на програмата во 10 часот по локално време.
Појасни дека предупредувањата биле дел од вежба на противпожарната служба изведена во вторникот, но дека поради техничка грешка се прикажани во програмата во средата утрото.
Кина никогаш не ја отфлри опцијата дека со воена сила ако треба ќе го врати Тајван под своја контрола, а изминатите две години ги зајакна своите воени активоности околу островот.
Тајван го подигна нивото на безбедност поради сѐ поголемиот број навлегувања на кинески борбени авиони во неговиот воздушен простор, како и по избувнувањето на руско-украинската војна, стравувајќи дека Пекинг би можел да го следи потегот на Москва.
Војната во Украина ја поттикна дискусијката за импликациите која таа ја носи за Тајван и неговата подготвеност за одбрана, како што е обуката за резервистите. Тајванската армија минатата седмица првпат објави прирачник за цивилната одбрана, давајќи им упатства на жителите за дејствија во услови на војна.
На почетокот од февруари САД одобрија потенцијална продажба на 100 милиони долари вредна опрема и услуги на Тајван за одржување и надградба на ракетниот систем „Patriot“, објави Пентагонт. Во соопштението на американската Агенција за одбранбена соработка (DSCA) беше наведено дека институцијата ја предала потребната документција пред Конгресот по одобрувањето од Стејт департментот за продажба којашто ја побарало тајванското де-факто амбасадата во Вашингтон.
Надграбрата на „Patriot“ системот „би ја подобрила безбедноста“ и би „помогнала во одржувањето на политичката и воената стабилност“ на Тајван и напредокот во регионот, соопштија од DSCA. Тајван во зделката би влегол со американските компании од одбранбениот сектор „Raytheon Technologies“ и „Lockheed Martin“.
Тајванското министерство за одбрана објави дека одлуката за оваа зделка е донесена во текот на средбата во 2019 година со претставниците на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Кинеското министерство за надворешни работи ја осуди потенцијалната американска продажба, истакнувајќи дека таа сериозно ги загрозува безбедноста и суверенитетот на Кина, најавувајќи мерки за заштита на своите интереси.
Тајван подолго од една година преддувапредува на масовни прелети на кинески борбени авиони во неговиот воздушен простор, односно во неговата Зона на идентифијација на противвоздушната одбрана (ADIZ). Кина, пак, протестира на минувањето на западните воени пловила низ Тајванскиот теснец.
Официјалните односи меѓу централната влада во Пекинг и властите во Тајпеј се прекинати во 1949 година, кога силите на Куомитангот, предводени од генералот Чанг Кај-шек, поразени во граѓанската војна со Кинеската комунистичка партија, се префрлија на островот Тајван. До 1971 година, кинеското место во ОН го заземаше Република Кина (Тајван), а до денес ја признаваат само 14 членки на ОН, како и Ватикан, како најзначаен меѓународен субјект кој одржува службени дипломатски односи со Тајван. Државите не може да имаат официјални односи истовремено со Кина и со Тајван, како што беше случајот со Македонија кон крајот на 1990-те и почетокот на 2000-те години.