Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, денеска изјави дека тој како политичар и Албанец ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“ оценувајќи дека таа „го јакне потенцијалот на Албанците во Македонија“, нагласувајќи дека со членството на Албанија, станува збор за потенцијал за повеќемилионски народ.
„Мојот аргумент е дека преку ‘Отворен Балкан’ Албанците од Македонија го зголемуваат својот национален потенцијал, бидејќи и Албанија е дел од иницијативата и преку тоа се зголемува нивната економска сила. Верувам дека тоа може да стане сила на неколкумилионски народ”, изјави Тачи, според ИНА.
Инаку, ДПА започна со структурни организациски активности за одржување на конгрес. Тачи не откри дали тој повторно ќе биде предложен за претседател на партијата.