Тачи и Рама со честитки до Ципрас и Заев по гласањето на Преспанскиот договор во грчкиот парламент

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја поздрави во поетокот ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент, а ово чин го поздрави и албанскиот премиер Еди Рама кој на Twitter тој им се обрати на неговите грчки и македонски колега Алексис Ципрас и Зоран Заев, изразувајќи им „почит и честитки за историскиот договорот“.

Тачи ги пофали двајцата премиери Ципрас и Заев за покажаната „визија и храброст“. „Ова е убава вест за целиот регион и силен напор кон затворање на сите отворени прашања меѓу државите на Балканот“, посочи Тачи.

„Повторно почит и честитки за Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивнотоисториско достигнување и ставање крај на долгиот конфликт меѓу Грција и Северна Македонија. Тоа беше тешко но навистина многу добро направено драги пријатели”, напиша Рама.

Гласањето го поздрави и претседателот на албанскиот парламентот, Грамоз Ручи, нарекувајќи го храбар чин на Грција.

Според лидерот на најголемата опозициска сила, Демокртската партија, Љуљзим Баша, договорот го отвора патот за членство на Северна Македонија во НАТО.

За претседателот на Албанија, Илир Мета, пак, ратификацијата во гција е историско достигнување и одлична вест за билатералните односи, европската и евроатлантската перспектива на нашиот регион“.