Тачи порачува дека одлуката за основање косовска војска е неповратна

Одлуката за формирање на косовска војска е неповратна, порачи претседателот Хашим Тачи пред состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации, кој е свикан по барање на Србија која реагира на оваа иницијативата на албанските власти во Приштина, кои со поддршка на Западот еднострано прогласија независност на оваа поранешна јужна српска покраина.

„Независно од темите за коишто ќе се разговара на седницата на Советот за безбедност, војската на Косово е дел од неповратен процес. Право на институциите на Косово да формираат војска е историско, праведно и во согласност со желбата на косовскиот народ“, истакнал претседателот Хашим Тачи за новинарите пред патот во Њујорк.

Собранието на Косово ги усвои во петокот законите коишто ќе овозможат безбедносните сили на Косово во војска на,, а таа мерка и покрај воздражаноста на НАТО, ја поддржаа САД и ја нарекоа „историска“.

Остро спротиставување на ваквиот чекор на Приштина изрази Србија според која тоа е противно на реолуција 1244 на ОН со која беше сопрена војната од 1998/1999 година по нападот на НАТО, а ја има поддршка на Русија и Кина. На барање на официјален Белград, Советот за безбедност во понеделникот ќе расправа за ова прашање. Станува збор за втора седница на ова тело на светската организација во последните четири дена. Новата седнциа, којашто ќе биде отворена за разлика од првата која се одржа во петокот зад затворени врати, е закажана за 21 часот по средноевропско време.

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во неделата истакна дека е важно да се слушне гласот на Србија и осудата на постапките на Приштина. Српскиот претседател Алескандат Вучиќ, пак, претходно оцени дека Приштина со основањето војска ги минала црвените граници и остро ги нападна во прв ред САД, Велика Британија и Германија дека стојат зад тоа.

НАТО и Европската унија, исто така, предупредија на косовската иницијатива , којашто ја оценија за преизбрзана и која нема поддршка од косовските Срби, чиишто пратеници го бојкотираа гласањето во парламентот.