Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека би сакал да ја посети Прешевската долина, но дека за тоа постојат пречки со пресудата на српските власти.
Јас, со најдобри намери, би сакал да ги посетам Прешево, Бујановац и Медвеѓа. Но постојат пречки поради затворските казни што во отсуство ни се изречени на мене и на моите соборци, вклучувајќи го и командантот Адем Јашари. За жал, Србија не може да се ослободи од минатото, но истакнувам, имам голема желба да ги посетам. Но ако и нема услови да ги посетам, јас максимално ќе работам за нив каде и да сум, изјави Тачи.
Тој оцени дека косовските институции се однесувале одговорно за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ на Косово.Тачи истакна и дека не поддржува барикади, но дека во никој случај не дозволува да се доведе во опасност кој било граѓанин или претседател на држава што го посетува Косово.