Тајфунот Јонгдари носи се пред себе, десетици повредени

Најмалку 24 лица се повредени во последното невреме што ги погоди централните и западните делови на Јапонија, додека 150.000 куќи останаа без електрична енергија.

Тајфунот Јонгдари, кој прво го погоди јапонскиот остров Хоншу донесе обилни дождови и ветришта кои дуваат со брзина до 180 километри на час, објави ББЦ.

Метеоролозите ги предупредија граѓаните дека, иако Јонгдари спаѓа  во редовите на тропските бури, поројниот дожд може да придвижи свлечишта и одрони. Тајфунот се движи кон запад, а населението е предупредено да се евакуира навреме.

Се плашиме дека луѓето не можат да бидат евакуирани поради силни ветришта или поплави кои го блокираат евакуациониот пат, рече гувернерот на Хорошима, Шихехико Јузаки.

Од почетокот на јули во поплавите во Јапонија загинаа 224 луѓе, а најмалку 80 лица беа повредени поради високите температури, а повеќе од 22.000 беа хоспитализирани.