Опозициските демонстранти го прекинаа снабдувањето со електрична енергија и вода на Владата во Бангкок, со цел да ги истераат од членовите на безбедносните служби, соопшти денеска локалната полиција.
Премиерката Јинглук Шинаватра не е во зградата на владата, пред која има неколку стотици демонстранти. Полицијата соопшти дека зградата нема ниту еден официјален претставник на владата.
Во Владата и во околните објкети нема струја и вода.
Премиерката вчера отпатува во нејзниот роден град Чианг Мај во северниот дел на земјата, каде што беше пречекана на аеродромот од страна на нејзините приврзаници.
Премиерката на Тајланд изјави дека нема да поднесе оставка пред избори што ќе се закажани за втори февруари, и покрај барањата од демонстрантите да ја го напушти врвот.