Тајланд: Со гумени куршуми и солзавец на демонстрациите, 48 лица ранети

Демонстрантите и полицијата се судриле во Бангкок, кога демонстрантите се обиделе да ги оневозможат подготовките за избори, а најмалку 48 лица се ранети, од кои тројца се полицајци.

Полицијата фрлила солзавец и испукала гумени куршуми кон демонстрантите, кои се обиделе да ја оневозможат полицијата да дојде до спортскиот стадиот каде се наоѓаат кандидати на изборите од 27 партии.

Изборната комисија на Тајланд побара од Владата да ги одложи изборите поради немањето „мир“ меѓу владата и демонстрантите.