Тајно досие на ЦИА: Хитлер бил геј и сакал тинејџери

Хитлер бил хомосексуалец, а младоста ја поминал во хостел кој што бил познат како место каде што мажите го посетувале во потрага по „хомосексуална авантура“, открива тајното досие на ЦИА.

Според досието на најголемата американска разузнавачка служба, нацистичкиот лидер бил хомосексуалец, иако подоцна бил лицемерен диктатор кој што брутално ги прогонувал хомосексуалците кога станал лидер на Третиот Рајх.

Тајното досие на ЦИА за нацистичкиот лидер го отркива неговиот профил направен во 1942-ра година во екот на Втората светска војна.

Досието имало ознака „строго доверливо“, а било составено од Канцеларијата за стратешки услуги „ОСС“, претходницата на ЦИА која што беше основана во 1947-ма година. Досието е опишано како „биографска скица“ на Адолф Хитлер, а било изработено една година подоцна откако САД се вклучија во војната.

Во досието е опишано дека Адолф Хитлер се состанувал со млади жигола за време на својот живот во австриската престолнина Виена пред Првата светска војна.

Сексуалната ориентација на Адолф Хитлер е предмет на расправа повеќе од половина век, затоа што историчарите и биографите се обидуваат да ги откријат мистериите на озлогласениот нацистички лидер од неговото самоубиство пред крајот на Втората светска војна.

Познато е дека Хитлер имал долгогодишна љубовница – Ева Браун, но исто така постојат гласини дека имал афера со својот внук Гели Раубал. Диктаторот инаку брутално ги прогонуваше хомосексуалците, а се проценува дека 15 илјади хомосексуалци завршиле во концентрациони логори. Хитлер за хомосексуалците рекол дека се „опасни како чума“.

Информациите кои што дојдоа до мене, ме наведоа да сметам дека Хитлер е садомазохистички тип на човек кој што можеби има хомосексуални тенденции во себе, стои во досега тајното досие на ЦИА.

Се смета дека нацистичкиот лидер имал сексуална привлечност кон Рудолф Хес, неговиот заменик кој што беше уапсен во 1941-ва година. Наводно Хес го имал прекарот „Госпоѓица Ана“ поради неговата навика да се облекува како жена. Во документите е наведено дека Хитлер го привлекувале тинејџери, а тој немал хомосексуална врска за време на животот во Виена.