Таксист нападнал патник оти силно му ја затворил вратата

Гевгеличанец бил нападнат од таксист, завчера во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 23.35 часот на булеварот Трета Македонска бригада.

Тогаш М.Е.(24) од Гевгелија физички бил нападнат од такси возач од непозната компанија.

Момчето претходно се возел со автомобилот откако се качил во таксито кај Зелен Пазар. Гевгеличанецот побарал да го  одвезат до Ново Лисиче. Кога видел дека таксиметарот отчукува премногу брзо, момчето му рекло на таксистот да застане. Патникот му рекол дека сметката е премногу голема, но му дал повеќе пари и излегол од возилото, при што силно ја затворил вратата. Таксистот веднаш излегол и физилки го нападнал М.Е., кој случајот го пријавил во полицијата.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.